Цената на нафтата „Брент“ вечерва падна на околу 106 долари за барел, откако во текот на денот достигна четиримесечен максимум од 110 долари.
До падот дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија и Украина се согласиле да ги прекинат нападите врз енергетската инфраструктура на спротивната страна, пренесува „Трејдинг економикс“.
Цената на суровата нафта падна на околу 102 долари за барел, откако претходно достигна 105 долари.
