2023-та – економско закрепнување или економски застој? Бауши: Без неопходните мерки може да преминеме во стагфлација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова беше прогнозата на премиерот за новата 2023 година за домашната економија, но извештаите на Светска банка го покажуваат спротивното. Професорот по економија, Абиљ Бауши, повикувајќи се на овие извештаи, вели дека доколку нашата земја не преземе соодветни мерки, може да влеземе во економска стагфлација, што значи комбинација од висока инфлација и економски застој.

-Ако ги прочитаме извештаите на Светска банка, тие ја ставија Македонија во многу голем аларм. Предвидуваат стагфлација на економијата доколку не се преземат структурни реформи. Тоа значи дека ова е уште поалармантно од она што го гледаме во моментов“, рече Бауши.

Според него, многу е важно државата да се подготви за во иднина да може да се справува со кризи за постојано да имаме економска стабилност. Професор Бауши, додава дека сегашните мерки се краткорочни мерки кои не можат да се користат на подолг план.

-Нашите влади преземаат краткорочни мерки и во повеќето случаи ги користат толку многу што почнуваат да генерираат проблеми како пазарна маржа и др. Тоа се краткорочни мерки кои треба да се користат само краток временски период-рече Бауши.

Според прогнозите и анализите на економистите, нашата земја и во 2023 година ќе ја чувствува економската криза, а стабилизирање на состојбата може да очекуваме дури од 2024-та.