Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1293 тестирања, регистрирани се 515 нови случаи на коронавирус, додека пак на територија на Скопје има 207 нови случаи.
Од почетокот на епидемијата, па до сега во Скопје има 17.524 случаи на коронавирус, додека пак моментално активни се 6.808.
Активни случаи по општини Скопје денеска:
- Аеродром -1077
- Гази Баба – 936
- Карпош – 928
- Центар – 884
- Кисела Вода – 831
- Ѓорче Петров – 553
- Чаир – 403
- Бутел – 367
- Илинден – 161
- Шуто Оризари – 103
- Петровец –67
- Сарај – 66
- Сопиште – 57
- Чучер Сандево – 49
- Зелениково -39
- Студеничани – 29
- Арачиново -16
Нераспределени има 149, додека пак странци има 93.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40.275, бројката на оздравени пациенти е 24.229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14.890.
