Скопје повторно го зазема неславното место како рекордер за највисок број на новозаразени на територија на цела држава.
Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи од кој само 227 се на територија на Скопје.
Од почетокот на пандемијата, до сега во Скопје има 10.169 заразени, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 2.751.
Активни случаи по општини во Скопје денеска:
• Чаир – 123
• Гази Баба – 307
• Аеродром – 552
• Карпош – 446
• Центар – 454
• Кисела Вода – 310
• Ѓорче Петров – 220
• Бутел – 113
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 5
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 44
• Сопиште – 22
• Чучер Сандево – 10
• Петровец –19
• Зелениково – 9
• Странец – 12
• Нераспределен- 64
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5674.
