23 години РТВ21, Сарачини-Келменди најавува нови програмски содржини во Приштина и Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

РТВ21 денеска слави 23 години од своето постоење. Најголемата медиумска куќа во Косово продолжува да работи со 7 ТВ канали, радио и два интернет портали во Косово и во Македонија.

Компанијата нема намера тука да сопре. Сопственичката на РТВ21 Афердита Сарачини најавува од септември целосно ново програмски содржини во РТВ21 Косово и во ТВ21 Македонија.

Ќе има нови програмски содржини, нов концепт на известување, нов формат на вестите, нови и модерни студија како и збогатување и освежување на програмската шема и многу други новитети.