24 лица ја изгубија битката со коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство денеска информира дека регистрирани се 913 нови случаи на коронавирус во Македонија, додека пак 24 лица ја изгубија оваа битка.

  • Починати двајца пациенти од Скопје (67 и 77 години)
  • Починат еден пациент од Куманово (59 години)
  • Починати четири пациенти од Прилеп (45, 61, 70 и 79 години)
  • Починати три пациенти од Велес (78, 82 и 82 години)
  • Починати два пациенти од Битола (62 и 80 години)
  • Починати три пациенти од Охрид (64, 67 и 68 години)
  • Починати двајца пациенти од Гостивар (66 и 68 години)
  • Починати шест пациенти од Струмица (37, 40, 41, 64, 75 и 75 години)
  • Починат еден пациент од Пробиштип (69 години)

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33908, бројката на оздравени пациенти е 21665, на починати е 1049, а бројот на активни случаи изнесува 11194.