„Денеска не е 11-ти јуни, денеска е 11-ти април, но училниците во училиштата низ земјава се празни. До кога ќе трае штрајкот? Одговор од СОНК добивме дека не се знае“, вели репортерката на ТВ21.
Околу 25 000 просветни работници, воспитувачи и вработени во градинките од цела Македонија денеска не одржуваат настава.
Децата во градинките се згрижени од заменски воспитувачи, но не се одвива воспитниот прцес. Повеќе деца се во една просторија без почитување на протоколите.
Покачување на платата за 18.4 % бараат просветните работници и не отстапуваат од барањето додека не се исполни. На средбите што ги имале со Влада не добиле конкретна цифра на покачување на нивните плати и затоа биле принудени со штрајк да го изразат револтот.
„Да добијат и наставниците можност да си купат масло, бидејќи платата во момнетов не значи ништо. Не можеме да ги наполниме нашите потрошувачки кошнички онака како што треба, како што доликува да се живее, да се преживее како што велат наставниците и сите останати вработени во образование, наука, па и култура“, посочи Лена Спасеновска Поповска.
„Сите ние без разлика какава професија работиме сме излезени од училишните клупи, за жал денска останаа празни, но не по наша вина“, додава Катерина Кузмановска.
„Демократско право е штрајкот им дозволивме односно го направивме она што го побараа од нас штрајкувачкиот одбор, обнезбедена е просторија за нив , сите можни услови, тоа се наши колеги. Како што знаете законско право е наставата мора да се одвива“, вели Александар Сибиновски.
Според ресорниот министер последниот чекор требало да биде генерален штрајк. Вели дека имало наставници и ученици низ градовите во земјава кои скаале да имаат настава, но директорите им напоменале дека го поддржуваат генералниот штрајк. Најавува дека продолжуваат со дијалогот денеска или утре.
„Ние како Влада во неколку ситуации имаме докажано дека сме за тоа просветните работници да земаат повисоки плати. Тоа го иамме и докажано, 2018-та 5%, 2019-та 5% повеќе, 2020-та 10% повеќе. Ако ги собираме доаѓа 21 %“, порача Јетон Шаќири.
И покрај кризата како последица на Ковид 19 и кризата како последица на руско-укаинската војна, продолжуваме да преговараме за повисока плата на просветните работници и за брзо време ќе најдеме решение за оваа ситуација, а изгубените часови мора да се надополнат- вели Шаќири.
