25 деца на возраст од еден месец до 15 години се позитивни на Ковид 19 и се лекуваат во Институтот за белодробни заболувања Козле. Нивната здравствена состојба е добра освен на едно 2 годишно дете кое е на кислородна поддршка, вели Бесник Зеќири директор на Институтот за јавно здравје. Тој за ТВ21 вели дека околу 80% од хоспитализираните деца се заразени со сојот Омикрон.
Зеќири очекува од понеделник бројот на хоспитализирани да опаѓа како и бројот на прегледи, доколку учениците се придржуваат до протоколите во училиштата.
„Од понеделник мислам дека бројот на хоспитализирани деца и во амбулантите да опаѓа, земајќи ја предвид и метеоролошката состојба со врнежи од снег, верувам дека ќе се н амалува бројот на деца во болниците и враќање на повисоки температури“, рече Зеќири.
Министерот за образование, Јетон Шаќири не очекува ширење на вирусот низ училиштата. Тој апелира да се почитуваат мерките за заштита од Ковид. Што се однесува до децата кои не следат настава вели дека се околу 0,05% за кои не се знае дали се заразени со корона вирус или грип.
„Бројките се многу ниски, минимални, ние ќе продолжиме да комуницираме но придобивките од процесот со физичко присуство се повеќе од едукативно наставен аспект и доколку сакаме физичко присуство треба да внимаваме и на мерките и на протоколите“, рече Шаќири.
Инаку неделниот извештај за состојбата со ковид покажува дека најмал број заразени се на возраст од 0 до 9 години, додека кај возрасната група од 11 до 19 години има пад на инфекции за 11%.
