Уште 26 лица ја загубија битката со коронавирусот во последните 24 часа.
Меѓу починатите, двајца се помлади од 35 години, поточно едно лице од Пробиштип 35 години, и едно лице од Скопје 30 години.
„Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.“, соопштија од ИЈЗ.
Вкупната бројка на починати од почетокот на пандемијата изнесува 2077 лица.
