Лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по изборниот пораз на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски на предвремените избори за градоначалник на Брвеница.
Во објава на социјалната мрежа X, Мицкоски ги обвини политичките противници дека наместо програма и проекти, се потпирале на етничка мобилизација и одвлекување гласови.
„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“, напиша Мицкоски.
