28 лица починаа од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи на ковид-19.

Починати се 28 лица:

  • Седум пациенти од Скопје (74, 63, 83, 69, 79, 82 и 72г)
  • Еден од Куманово (71г)
  • Еден од Штип (81г)
  • Пет пациенти од Прилеп (66, 80, 61, 76 и 55г)
  • Еден од Струга (77г)
  • Двајца од Велес (72 и 75г)
  • Еден од Битола (45г)
  • Еден од Охрид (77г)
  • Еден од Кавадарци (71г)
  • Двајца од Гостивар (51 и 49г)
  • Еден од Гевгелија (72г)
  • Двајца од Струмица (56 и 80г)
  • Еден од Делчево (65г)
  • Еден од Ресен (53г)
  • Еден пациент од ПЕ Неготино-Демир Капија (68г)

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69452, бројката на оздравени пациенти е 45621, на починати е 1977, а бројот на активни случаи изнесува 21854.