28 ноември, ДУИ организираше свечена академија – Ахмети: Да се потсетиме на паднатите борци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сеќавајќи се на Лефтер Бицај, Тахир Синан, Лабинот Красниќи, Јетула Мифтари, Арсим Бајрами и сите други паднати борци во војната во 2001 година, првиот човек на ДУИ Али Ахмети ја започна свечената Академија организирана во чест на 28 ноември. Тој рече дека денеска нема да зборува за историјата за да ги опише страдањата на албанскиот народ, туку  ги претстави имињата на војниците кои ги дале своите животи и уште повеќе му дале боја на црвено-црното знаме.

„Каде и да  зачекорив денес само радост видов и оваа радост се гради врз крвта на овие луѓе кои во животот мораме да ги паметиме затоа што со нивната крв денес сме овде и славиме слободни. Остана во историјата кога тајно ги славевме ноемвриските празници, тајно се креваше албанското знаме“, вели Али Ахмети.

На свечената Академија говореа и двајцата амбасадори Фатос Река од Албанија и Флоријан Ќехаја од Косово.

„Овогодинешните прослави се уште позначајни затоа што е јубилејна година, како и фактот што нашите земји Албанија и Северна Македонија ја добија поканата од Европската унија на 19 јули за почеток на пристапните преговори со ЕУ“, додаде Фатос Река.

„Денеска ја славиме 110-годишнината од независноста на Албанија, роденден е и на легендарниот командант Адем Јашари, додека вчера а ние во Косово го прославивме денот на армијата. Меѓу другото, овој ден е и ден на излегување на сцена, па ја славиме 25-годишнината од Ослободителната војска на Косово“, вели Флоријан Ќехаја.

Свое обраќање имаше и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој додаде дека отсега земјите од регионот треба да се обединат на патот кон ЕУ и НАТО.

„И денес сме собрани овде да славиме заедно исто како што сме заедно во нашите стратешки определби и нашите евроатлантски аспирации. Заедно сме во НАТО, ќе бидеме заедно и во ЕУ затоа што нашата заедничка национална и регионална определба за европска интеграција е единствениот водич што не мотивира“, порача Талат Џафери.

На свечената Академија организирана од ДУИ присуствуваа министри, пратеници и други носители на  функции.