3-4 евра за метар квадратен не е правична цена – жителите на Речица на протест за нивите од Коридорот 8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Голема Речица во Тетово протестираа на наплатната рампа поради тоа што, како што тврдат, нивната земја што треба да се земе за изградба на Коридорот 8 се плаќа со многу ниска цена. Тие велат дека не се против изградба на патна инфраструктура, но цената од 3 или 4 евра за квадратен метар е смешна и неприфатлива.

„Полињата и нашите земјишта се трудот на нашите семејства, тие се извор на нашата егзистенција и наследството што им го оставаме на нашите деца. Не е фер тие да се земаат по многу ниски цени од Владата на Република Северна Македонија, без оглед на реалната вредност и штетата што им се нанесува на сопствениците. Бараме правична компензација, транспарентност од државата и еднаков третман за секој граѓанин што е засегнат од проектот Коридор 8.“

„И денес, ние упатуваме апел до владата, до нашите пратеници да ја земат предвид оваа наша иницијатива, затоа што немаме друга страна. И министрите и пратениците треба да ја земат предвид нашата работа. Нашите земјишта не можат да се платат со 3 евра. Вредноста на оваа земја е многу поголема од тоа што тие мислат.“

„Ние не сме против коридорот, против развојот, против ништо, но нека ја проценат земјата колку што вреди. Ова не е земјиште од категорија 5 или 6, ова е прва категорија. Првата категорија има друга цена. Ние не сме во планина, сме во рамнина. Ако земеме да обработиме 1 квадратен метар земја, ќе даде производ кој вреди 240 денари. Тоа се зема еднаш и повеќе не се враќа. И јас сум граѓанин на оваа земја, кога поминувам овде на патот и јас плаќам 30 денари. Затоа, тој не ми вели „јас ти ја зедов земјата, па ќе ти дозволам цел живот да поминуваш“.

Жителите велат дека 1 квадратен метар за 3 или 4 евра е неприфатлив за нив, додаваат дека, со каква било земјоделска култура, вредноста на плодот што ќе се одгледа ќе биде повисока од компензацијата што им се нуди за експропријација.