Управата за јавни приходи (УЈП) ги објави најновите податоци за 2025 година. Според анализата, најмладиот милионер во земјава е четиригодишно дете, кое остварило приход од еден милион денари од дивиденди, пренесува ТВ21. Најстариот милионер има 97 години, а приходите ги остварил од пензија, но и од други извори.
Во анализата на УЈП се наведува дека во текот на 2025 година граѓаните поднеле повеќе од 860.000 даночни пријави, што е за 10,6 проценти повеќе во споредба со 2024 година. Најголем број пријави биле поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.
Најголем дел од приходите во 2025 година биле остварени од плати. Највисоката плата била исплатена во дејноста „Вадење камен и јаглен“ и изнесувала 139 милиони денари.
Трите највисоки приходи од дивиденди биле поголеми од највисоката исплатена плата, а ги оствариле лица од Гевгелија, Охрид и Арачиново.
