„Дозволете да ви честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“.
Со овие зборови Киро Глигоров се обрати на граѓаните од плоштадот во Скопје по референдумот во 1991 година на кој излегоа 72 проценти од граѓаните, а 95% од нив позитивно одговорија на прашањето „ „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
Покрај референдумот, уште неколку настани ја одбележаа самостојна Македонија.
Четири години по прогласувањето на самостојна држава, на 3. октомври беше извршен атентат врз тогашниот македонски претседател Киро Глигоров во центарот на Скопје, спротив хотел Бристол. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди. И после 26 години не се познати ниту нарачателите, ниту извршителите на ова дело.
2001 година се случи воен конфликт во Македонија. Започна со напад на паравоената формација ОНА врз полициската станива во Теарце. Конфликтот се заврши со потпишување на Рамковниот Договор.
Во февруари 2004 година, претседателот Борис Трајковски заедно со осумчлена делегација, трагично ги загубија животите во авионска несреќа во близината на Мостар. Според извештаите, причината била пилотска грешка, со пропусти во процедурите за летање и во инструментите за навигација.
Во јуни 2018 година, беше потпишан Договорот од Преспа со кој Република Македонија стана Република Северна Македонија. Беше распишан референдум за прифаќање на Договорот, но истиот немаше одзив, по што потоа се премина во гласање во Парламентот за уставните измени со кои беше сменето името на државата.
Во март 2020 година, Северна Македонија и официјално стана дел од НАТО алијансата. Со ратификација на сите земји членки, нашата земја стана сојузник на сите членки на НАТО.
