Министерството за здравство денеска информираше дека од направени 2.778 тестирања, регистрирани се 256 нови случаи на ковид-19.
Регистрирани сe 545 оздравени пациенти, додека пак пријавени се 31 починато лице
- 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г)
- 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г)
- 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г)
- 3 починати лица од Куманово (84г, 78г и 72г)
- 3 починати лица од Струмица (72г, 68г и 54г)
- 2 починати лица од Кичево (55г и 49г)
- Едно починато лице од Битола (81г)
- Едно починато лице од Велес (76г)
- Едно починато лице од Гевгелија (18г)
- Едно починато лице од Дебар (62г)
- Едно починато лице од Македонски Брод (38г).
Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.
