33 години од донесувањето на првиот Устав – Костадиновски: Да му бидеме лојални на Уставот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето на првиот Устав, во 1991 година. Со донесувањето на Уставот како највисок правен акт, се роди и надежта на граѓаните за подобар живот, демократска држава во која ќе владее и да придонесува во градењето на правната држава , пишува меѓу другото претседателот на Уставниот Суд, Дарко Костадиновски.

„Сите ние имаме должност доследно да го применуваме и најважно, да му бидеме лојални на Уставот. Денеска, упатувам апел до секој еден од нас дека силата на Уставот произлегува од одлучноста на секој граѓанин да застане зад него и да го брани. Денешниот ден нека биде уште една потврда за граѓаните, да бидат сигурни дека Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот со сите негови вредности, ќе ја брани слободата, демократијата и правната држава, вели Костадиновски во соопштението.