„Здраво чичко Тефик, дали се изморивте? Сакав да ве прашам дали сте ми ја поправиле чевлата?“
„Многу ви благодарам“.
„Ова е идентично со ова. Не се сомневам, не се сомневам во тебе, знам дека сте стар мајстор“.
„Како што гледате има голема заинтересираност од граѓаните кои чекаат кај вратата за да прашат дали нивните чевли се поправени“, вели репортерката на ТВ21.
Овa е мајсторот Тефик, кој има мала продавница во Чаир веќе 34 години. Тој многу внимателно ги поправа чевлите со цел муштериите да бидат задоволни.
Освен чевли тој поправа и ташни, каиши, патенти итн. Вели дека за 10 или 15 минути ги поправа работите за кои се потребни мали поправки, а тие кои имаат поголеми поправки чекаат по 2-3 дена.
Мајстортот Тефик раскажува за процесот на работа, како се шијат чевлите, а додава дека воопшто не се познава дека чевлите се поправени или се нови.
Дали имало некој случај кога сте заборавиле кој клиент донел чевла, или пак дали може да се случи да ги помешате? Вообичаено ги памтам добро, клиентот што доаѓа да си ја земе чевлата не го заборавам, но кога ќе испрати некој друг, може да се случи проблем за тоа кој ги донел чевлите, каква боја се, но ретко се случува да заборавам.
Мајсторот Тефик вели дека сега има повеќе работа отколку порано за неговиот занает.
Има повеќе работа сега или во 90-те години?
„Сега има повеќе работа отколку во 90-те, можеби сега влијае стандардот, но во последно време има повеќе работа“.
Додаде дека неговите 2 деца ги школувал од овој занает, но кај младите нема заинтересираност за оваа професија и покрај тоа што е доста профитабилна.
