Најпосетуваниот агрегатор за вести во Македонија, TIME.mk изминатата недела регистрирал над 35.000 вести поврзани со коронавирусот во нашата држава. Според информациите, изминатиот период медиумите го зголемиле производството на вести, особено по првите случаеви на Ковид 19 во Македонија.

Зголемен е и интересот од страна на читателите. Како што соопштуваат од TIME.mk, ако до пред една недела најчитани периоди биле објавувањето на „бомбите“ од Заев, протестите, случувњата во Диво Насеље, изборите во 2016 година, како и уставните измени, сега бројот на посети на агрегатот е дупло зголемен и со тоа ја помина досегашниот рекорд.

Изминатиот период, Министерот за здравство Венко Филипче со својот Твитер профил се искачи на првото место од листата на TIME.mk за Топ твитови според reach и t-index. Тој е прв државен функционер кој се искачи на тронот.
