Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во прва официјална посета на Србија, каде што со претседателот Александар Вучиќ разговараше за односите меѓу двете земји и нивниот европски пат.
Вучиќ приреди вечера во чест на Зеленски, оценувајќи дека посетата ќе придонесе за унапредување на билатералните односи и соработката.
Зеленски најави разговори и со српскиот премиер Ѓуро Мацут за проширување на економската соработка, односите со Европската Унија и безбедносните прашања. На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, украинскиот претседател беше пречекан од министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
