35-годишна тетовчанка приведена по пријава дека ја нападнала ќерка си и нејзиното десетмесечно бебе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

35-годишна жена од Тетово е лишена од слобода по пријава дека физички ја нападнала својата 19-годишна ќерка. Случајот е пријавен во полиција, а во него се вклучени и јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

Од СВР Тетово информираат дека на 5 октомври во 23:40 часот од слобода била лишена З.М., откако било пријавено дека физички ја нападнала својата ќерка.

Според пријавата на 19-годишната девојка, нејзината мајка го запоставувала и малтретирала нејзиното десетмесечно бебе.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово, кои ќе постапуваат во рамки на своите надлежности.

Од МВР додаваат дека по целосното документирање на случајот против З.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.