35 загинати во автобуска несреќа во Сирија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во судир на два патнички автобуси на патот помеѓу Деир ез-Зор и Дамаск загинаа 35 лица, а 30 се повредени.

Бројот на жртвите беше потврден за државната новинска агенција САНА од страна на функционер на сириското министерство за здравство во саботата, објави Ројтерс.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кои ги објави агенцијата САНА, во несреќата учествувале автобус што превезувал припадници на силите за внатрешна безбедност и цивилен патнички автобус.