36 години живее во Теарце, нема државјанство – државата ја смета за опасна, Илире Даути со реакција: Скандалозно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реќифе Цека од Теарце, Тетово, повеќе од 36 години не може да добие македонско државјанство.

Таа вели дека никогаш не направила прекршок, но институциите ја сметаат за опасна личност за државата. Реќифе аплицирала околу 20 пати, но обидите биле залудни иако неодамна имавме законски измени за олеснување на постапката.

„Живеам 36 години во селото Теарце. Имам поднесено неколку апликации, не еднаш туку многу пати, но не добив никаков одговор. Сега и со новиот закон аплицирав. Последното беше пред година и три месеци и не добив никаков одговор, причината е лицето е опасно за државата. Што можам да и направам на државата? Ова е глупост без државјанство“, вели Реќифе Цека.

Реќифе школувањето го завршила во Македонија, бидејќи тука живее од 1987 година.

Поради немање државјанство , не може да има ниту здравствено осигурување, додека на секои шест месеци е должна да добива дозвола за престој.

„Од 1987 година живееме во Теарце, школувањето го завршив во Теарце од прво одделение натаму. Нормално е дека имам проблем кога ја минувам границата, на секои шест месеци треба да се пријавувам. Здравствено немам,  не можеш да одиш на лекар, блокиран си на сите страни, немаш каде да се жалиш бидејќи ги исполнувам сите услови и не знам зошто не ми даваат државјанство“, додава Реќифе Цека.

За овој случај зборуваше и пратеничката Илире Даути. Според неа, со законските измени оваа госпоѓа би морала веднаш да добие државјанство.

„Јавно апелирам до сите оние бирократски административци кои се осмелуваат да бидат над законот и да не го спроведуваат законот како што е, прецизно и децидно. Меѓу другото, постои и преодната одредба која ќе ја повторам, која вели дека сите граѓани кои живеат на територијата на Северна Македонија од 8 септември 1991 година со само еден документ што е во потребната документација ќе можат да добијат државјанство без никакво друго  барање или друго барање од надлежните“, вели Илире Даути.

Даути го нарекува скандалозно образложението од државата дека г-ѓа Реќифе е опасна личност.

„Класификацијата што г-ѓа Реќифе ја доби порано е дека е опасна за државата, затоа денеска поминав два часа со неа и сакам да кажам дека е прекрасна дама. Грев е некого да нарекуваш опасен без негова вина“, додава Илире Даути.

ТВ21 за овој случај испрати прашања до МВР и чека одговор.

И се додека државата не им дава државјанство на своите граѓани, нема проблем да им го обезбеди истото на олигарси и контроверзни личности како Олександар Онишченко и Седат Пекер.