Конечно реновирани просториите на Службата за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување во Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола со средства од Големата ложа на Македонија.
Заменик министерот за здравство не е задоволен од изгледот на останатите здравствени установи и признава дека треба да се работи уште многу за подобрување на условите во болниците во земјава.