И во денешните дискусии голем број меѓусебни обвинувања за тоа кој ја прекројува Македонија, кој е повеќе вмешан во криминал и во корупција. Опозицијата повторно обвини дека оваа реконструкција наликува на Пазар 3 а и куќата на Таравари и овој пат дел од расправата.
„И за нашите доскорешни коалициони партнери од Алијанса. Мислев дека сте свои луѓе. Мислев дека ве интересира правда во Македонија, мислев дека сте луѓе со достоинство. Мене лично ме разочаравте. Политиката може се да прави но едно да зборуваш а потоа да го свртиш листот само затоа што некој сака куќа во Тафталиџе, мене би ми било срам“, вели Иванка Василевска.
И одговори Халил Снопче од Алијанса за Албанците. Таа куќа не е од сега, во неа Мицкоски дојде да преговара ново мнозинство.
„Спомнувате куќа на доктор Таравари. Само да ве потсетам во 2021 година во таа куќа господинот Христијан Мицкоски го кроеше новото мнозинство заедно со Таравари и заедно со пратениците кои што седат. Во таа куќа, во таа куќа Христијан Мицкоски…..има пратениците што се сведоци тука што знаат што седат денес.. “, порача Халил Снопче.
Ова е четврти ден од расправата во Собранието за реконструкција на Владата но не се очекува брзо да заврши бидејќи се уште има голем број пријавени за збор за разрешувањето на кадрите на Алтернатива.
