426 нови случаи на коронавирус во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, регистрирани се 946 нови случаи на ковид-19,од кои 426 се на територија на Скопје.

Од почетокот на пандемијата досега во Скопје се дијагностицирани 27.890 случаи на коронавирус, додека пак активни се 10.273.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63.890, бројката на оздравени пациенти е 40.977, на починати е 1.825, а бројот на активни случаи изнесува 21.088.

Досега во земјата се направени вкупно 337.862 тестирања на Ковид -19.