4500 амандмани за блокирање на економскиот пакет – Зејди не се откажува, Бектеши вели дека се подготвени за дискусија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија, Крешник Бектеши, е убеден дека ова недела ќе се најде решение за 5 економски пакт. Додаде дека македонската опозиција гласаше за потребата за усвојување на Законот за петтиот економски пакет, но албанската опозиција сака да ја блокира Комисијата за финансии и буџет.

„Јасно се гледа дека нивна цел не е да се најде решение туку блокирање на секоја мерка која е во интерес за граѓаните, бизнисмените и вработените во приватниот сектор. Ние како министерство сме спремни и во рамките на Собранието да разговараме со сите странки, со сите политички партии, со единствена цел да најдеме решение.“, рече Бектеши.

Бектеши рече дека се спремни и во рамките на постапката на матичната комисија да интервенираат во продолжување на рокот за пријавување на компаниите за обезбедување на субвенциите за плати.

Но коалицијата АА-ААА не се откажува од нивното барање. Тие во Комисијата за финансии и буџет доставиле илјадници амандмани за да се одолговлекува законот со цел во меѓувреме да се најде решение за Законот за државјанство.

„Петтиот пакет го деблокираа мнозинството и македонската опозиција, со што се докажа дека за важно прашање можат многу брзо да се договорат, но сепак требаше и за важното прашање како што е законот за државјанство да седнеме и да се договориме. Ние испаривме околу 4500 амандмани. Амандманите ќе треба да се преведат, подготват и има простор за да дебатираме со власта за да најдеме решение за Законот за државјанство.“, вели Реџепи.

Бектеши вели дека е подготвен да дебатира со опозицијата за петтиот економски пакет за да се постигне компромис, но рече „барем да предложат законско решение“. Минатата недела со 87 гласа „за“, ниту еден против и воздржан, Собранието го деблокираше Законот за петтиот економски пакет.