5 пати го напаѓаат кучиња скитници – Граѓанин: Никогаш не сум се соочил со ваква агресивност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е тетовецот Агрон Арифи кој пред неколку дена додека го шетал своето куче во населбата бил нападнат од кучиња скитници. Но, ова не е прв пат. Вели дека веќе 5 пати бил нападнат од кучиња.

-Тоа е проблем кој се случува со месеци. Нападите започнаа во јули. Во Тетово има голем број  кучиња, но никогаш не сум се соочил со ваква агресивност. Од јули на телефон се јавувам во општинскиот инспекторат. Потоа, на 1 август контактирав со здружението Амос, но не добив никаков одговор. Во септември бев нападнат и на улицата Ѓорче Петров овде. Во октомври, на 3 октомври, повторно бев нападнат. Случајот секој пат го пријавувам во полиција, вели тетовецот Агрон Арифи.

Агрон бил во општина Тетово и како што вели, општинските инспектори му рекле дека не можат да му помогнат.

-Се сретнав со општинските инспектори, но разочарувачки е што ми рекоа дека не  можат да ми помогнат и да го решат овој проблем. Ми го земаа телефонскиот број и се понудив за помош да ги отстраниме од терен, но се гледа дека кучињата се во соседството и секој минувач е загрозен од нив, вели Арифи.

Одговор побаравме и од општина Тетово какви мерки презеле по поплаката на граѓанинот Агрон Арифи, но досега не добивме никаков одговор.

Кучињата кои се заловуваат во Тетово неофицијално се вели дека се праќаат во Англија, но како им се издаваат пасоши? Прашавме од Комората на ветеринари. Од таму ни рекоа дека здружението Амос Пет не може да издава пасоши бидејќи не е регистрирано.

-Немаме информации дека здружението за заштита на животни Амос Пет има потпишано некаков договор со некоја ветеринарна станица. Амос Пет не може да добие пасоши за кучиња од ветеринарното здружение, бидејќи ова право го имаат фирмите што се регистрирани, изјави Жарко Михајло, претседател на Комора на ветеринари.

Засега не се знае каде се испраќаат кучињата кои се заловуваат во Тетово. Инаку здружението Амос Пет добива по 300 евра за третирано куче.