50 деца и новороденчиња поиследниот месец побарале лекарска помош во локалната општа болница. Од МЗ соопштуваат дека децата се со симптоми на респираторна инфекција или грип, температура и кашлица, кои не се типични за овој период од годината. На децата им е направен ПЦР тест, но резултатите биле негативни.
Екипа експерти од Детската Универзитетска болница во Скопје предводена од докторката Аспазија Софијанова утрово заминала во гевгелиската болница за утврдување точна дијагноза.
Според клиничката слика на децата, докторката се сомнева на пост ковид симптоми или заспан имунитет.
Докторката Софијанова вели дека колегите известиле дека такви случаи има и во многу други градови. Таа тврди дека по извршената контрола, ќе можат да излезат со конкретни резултати и заклучоци.
