500 деца останаа без детски додаток, според министерката не се многу! Вели дека во 2023 година ќе се зголеми минималецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

500 деца го изгубија правото на детски додаток од моментот кога минималната плата се искачи на 18 илјади денари. Ова денеска го соопшти министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која додаде дека не станува за голем број семејства.

Директорот на Центарот за социјална работа-Скопје, Љиридон Бафтију, уште пред три месеци на ТВ21 зборуваше за прашањето со престанокот на детскиот додаток. Тој побара проблемот да се реши со промена на регулативата, но Тренчевска вели дека нема да се зголемува прагот за добивање на детски и образовен додаток, туку ќе се зголемува минималната плата!

Според ресорната министерка, Тренчевска, семејства кои го изгубиле правото на детски додаток ќе добијат повеќе преку минималната плата. Како што објаснува, целта на Владата не е да ги држи граѓаните во системот на социјална заштита, туку во системот да влегуваат само најранливите категории и оние коишто се материјално необезбедени.