551 нов случај на коронавирус во Хрватска, 26 лица починаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Националниот штаб за цивилна заштита објави дека во последните 24 часа, во Хрватска се потврдени 551 нов случај на инфекција со коронавирус, а 26 од нив починаа.

Во болниците има 1249 пациенти, од кои 113 се на апарати за дишење. Вкупно 3.075 случаи се активни, а 15.700 лица се во самоизолација. Од почетокот на пандемијата, вкупно 232.090 лица се заразени со новиот коронавирус.

4998 лица починаа и 224.017 се опоравија, од кои 567 во последните 24 часа.До денеска се тестирани вкупно 1.186.046 лица, од кои 5.195 во последните 24 часа.