„5Г зрачи помалку од мобилните телефони“ – Истражување на АЕК: 5Г зрачи и до 100 пати помалку од дозволеното

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред две години на објектот на Телеком беше поставен 5Г уред со тест период од 6 месеци како дел од Националната стратегија за широкопојасен пристап до интернет што беше дочекано со лавина од реакции и тензија од јавноста. Тогаш било направено мерење од страна на АЕК, кое покажало дека зрачењето е 100 пати помало од дозволеното. Сомнежите и жалбите од граѓаните за штетноста од 5г по здравјето ги поттикнале АЕК заедно со професори од Електро-техничкиот факултет при УКИМ и научници и професори од истиот факултет во Љубљана , Словенија, како и Институтот за неонизирачко зрачење од Љубљана  да истражуваат за влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди. Истражувањето е направено во европските земјите коишто користат 5Г и во Словенија и покажало дека нема штетни последици по здравјето на луѓето.

„Мерењата ги вршевме на други видови на антени кои не опкружуваат, бидејќи и тие даваат одреден сомнеж дека се штетени по здравјето на луѓето и резултатите доведоа до заклучок дека сите тие телекомуникациски уреди  коишто се во Макеоднија се 10-100 со помало зрачење од она што мислат граѓаните дека ако е нешто големо тоа зрачи повеќе и е штетно по здравјето“, истакна д-р Борис Арсов.

Секоја пософистицирана опрема вели Арсов помалку зрачи, што значи 4 Г зрачи повеќе од 5Г. Па, така објаснува дека телефонот зрачи повеќе од 5Г, еве и зошто:

„Па затоа што растојанието кога го ставате мобилниот телефон е веднаш до глава. Телефонот исто така и прима и предава сигнали за да може да се воспостави соодветна врска, за да разговарате телефонот го ставате на уво. Затоа се препорачува луѓето да користат слушалки без разлика дали се безжични или не, подобро е уредот да биде подалеку од главата на човекот“, додаде д-р Борис Арсов.

АЕК во јуни годинава ја стартуваше постапката за објава на тендер со којашто ќе додели одобренија за користење на радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г. Мобилните оператори работат на поставување на уредите, а дозволата за локацијата ја добиваат од општините. Па така, до крајот на 2023 година најмалку еден поголем град треба да биде покриен со 5Г. До крајот на 2025-та автопатите и магистралните патишта, а до крајот на 2027-ма сите градови во државава. Секој ќе има можност за пристап до интернет преку 5Г до 2029-та година.