60-годишник прогласен за виновен – доживотен затвор за двојното убиство во Челопек

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На доживотен затвор е осуден 60-годишниот маж со иницијали И.И. од тетовско Челопек, кој на 27 декември 2023 година уби татко и син. Во известувањето на Основниот суд Тетово пишува дека пред куќата на ранетиот  А.Џ., пријавениот со умисла им го одзел животот на лицата М.Џ. роден на 1995 година и Ф.Џ. роден на 1971 година, а потоа со умисла се обидел да ги убие и други лица од тоа семејство.

„Кога обвинетиот забележал,  почнал да пука во нивен правец, пукајќи во автомобилот со неколку куршуми, но за среќа заминале и во тој момент ранетата со иницијали Ѓ.Џ. излегла од куќата и со вода се обидела да му помогне на починатиот М.Џ., додека обвинетиот за убиството кога ја видел и бил во близина на телото на жртвата Ф.Џ., исто така испукал неколку куршуми кон неа, но безуспешно и во меѓувреме пристигнала полицијата која веќе го уапсил осомничениот при што му беше одземен и пиштолот“, велат од Основен суд Тетово.

Адвокатот на семејството на починатите, Ваљон Адулхамити, рече дека одлуката е потврда за посветеноста на правосудниот систем.

„По објавувањето на првостепената одлука од страна на Судот, обвинетиот за двојното убиство што се случи на 27.12.2023 година, беше прогласен за виновен по сите обвиненија кои беа покренати против него и беше осуден на доживотна затворска казна. Оваа судска одлука е важен чекор кон правдата за семејството на жртвите и е потврда за посветеноста на правосудниот систем да се погрижи оние кои вршат такви кривични дела да одговараат за своите постапки“, порача Валон Адулхамити.

Жртвите биле 52-годишен татко и неговиот 28-годишен син, кои биле на привремена работа во странство. Осудениот на денот на инцидентот беше ранет.