За 12 месеци тетовската полиција регистрирала околу 60 возила кои превезуваат патници а кои се во неисправна техничка состојба.
„При контролни акции спроведени последниве 12 месеци, СВР Тетово во патниот сообраќај, констатирал дека околу 60 возила за транспорт кои сообраќале во патниот сообраќај неисправник или со технички дефекти“, вели Фатмир Реџепи.
Блерим Неими, сообраќаен инженер, вели дека не е доволна законската обврска возилата за превоз на патници на 6 месеци да вршат технички преглед. Тој смета дека транспортните компании треба да имаат договор со компаниите или да имаат свои гаражи каде после секое патување ќе се врши технички преглед.
„Не значи дека возилата за транспорт е технички неисправно, доколку од технички преглед излегло исправно, по одреден период може да се појави некој дефект. Значи таквите дефекти се честа појава. Јас мислам дека компаниите за превоз, по секое патување, треба да имаат свои гаражи и сервиси, за да го подготват возилото за следното патување и мислам дека на тој начин ќе се откријат техничките пропусти на превозните средства“, посочува Блерим Неими.
По трагедијата со автобусот во Бугарија, во Македонија се засилени контролите на превозните средства.
