64 лабуристички пратеници бараат оставка од Стармер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на пратеници од Лабуристичката партија кои јавно бараат оставка од британскиот премиер Кир Стармер се искачи на 64, јавува BBC.

Според британскиот медиум, станува збор за пратеници кои преку јавни изјави или интервјуа побарале Стармер да се повлече или да одреди временска рамка за заминување од функцијата, по лошите резултати на последните избори.

Во меѓувреме, претседателката на Лабуристичката партија Ана Турли повторно ја изрази својата поддршка за премиерот.

Во објава на платформата X, Турли напиша дека е „горда на Стармер, на неговиот мандат како лабуристички премиер и на неговото лидерство“.

„Овој тежок момент не е време за откажување, туку за преземање одговорност“, порача таа.

Турли, која е пратеничка за Редкар, додаде дека го поддржува Стармер во намерата „да донесе надеж и можности за државата“, повикувајќи се на неговото обраќање од утринава.