9 години стои само карабина – 2025-та ново ветување за објектите двата факултети на УКИМ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Изградени се до фаза на карабина и со години стојат така. Никако да се завршат двата објекти предвидени за факултети во Скопје.

„Изградбата на објектите на факултетите на УКИМ започна во 2015 година но и по 9 години градежните работи не се завршени  и покрај тоа што се досега се сменија неколку Влади“, вели репортерката на ТВ21.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска со ново ветување – 2025-та година.

Ректорот на УКИМ, Билјана Ангелова, рече дека потребно е да се изврши и тестирање на издржливоста на објектите.

За овој прект беа предвидени 20 милиони евра, а изведувач беше Бетон Штип, чиј сопственик беше Орце Камчев, но на 2 јуни 2019 оваа компанија влезе во стечајна постапка.