95 пациенти се лекуваат од туберкулоза – Се очекува БСЖ вакцините да пристигнат во текот на следните неколку дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

БСЖ вакцините против туберкулоза се очекува да пристигнат во земјава во текот на следните неколку дена, додека имунизацијата со вакцината на бугарскиот производител „Бул Био“ привремено е одложена по пријавувањето на четири сомнителни случаи на воспаление на коските кај деца во Хрватска.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се проверуваат квалитетот на вакцините и можната поврзаност со овие случаи. На родителите им се советува да останат смирени и да побараат медицинска процена доколку кај децата се појават болки, оток на коските или тешкотии при движењето.

Во меѓувреме, од Министерството за здравство потсетуваат дека вакцинацијата против туберкулоза е задолжителна. Во моментов, во земјава 95 пациенти се лекуваат од оваа болест.