Австриските пожарникари не застануваат во обидите да ги локализираат пожарите во источниот дел на Македонија.
Од тука преморените 96 пожарникари, кои пет дена се бореа со огнената стихија, заменети со нови 114.
Замената беше извршена синоќа на аеродромот во Виена. Пожарникарите кои беа во Македонија се вратија дома, а место нив кон Скопје полетаа нови од Австрија кои во следните денови ќе помагаат во локализирањето на големите пожари во земјава.
