AA: ДУИ да се произнесе околу Законот за државјанство – Буши: Мислењето на МВР бара дебата, исто како и предлог-законот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците и Алтернатива, бара од заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши, но и од ДУИ да го разјаснат нивниот став околу предлог-законот за државјанство кој го предлага опозицијата.

„По вчерашната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека негативното мислење на МВР ја има поддршката и на заменик-министерот, Назим Буши, бараме од ДУИ да се произнесе околу тоа дали го има променето ставот за Законот, за кој претходно рекоа дека го поддржуваат“, истакна Бујаре Абази.

За предлог-законот за државјанство, предложен од коалицијата АА-ААА, МВР даде негативно мислење. Прашан од ТВ21, заменик-министерот Буши, рече дека ДУИ ќе го поддржи, но дека истиот бара дебата, исто како и мислењето на МВР.

„Измената и дополнувањето на Законот за државјанство секако дека бара дебата, исто како и мислењето на МВР доставено до Владата. Ве известуваме дека во наредните денови Владата ќе поднесе барање за измена и дополнување на постојниот Закон за државјанство, по што ќе се формираат работни групи составени од членови на Владата, МВР и други институции“, посочи Незим Буши.

Буши додава дека како заменик-министер, го дели мислењето со собранискиот спикер, Талат Џафери, но и со ДУИ, во однос на потребата за изменување и дополнување на Законот за државјанство.