АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Цената е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.

Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари 2025.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш зголемувањето би било минимално, од еден до три проценти.