Адел: Мислев дека ќе биде полесно

Aдел првпат по породувањето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За првпат по породувањето, пејачката Адел зборува за приватниот живот во искрено интервју за музичкото списание “ИДЦ”.

Во него таа признава дека големо влијание врз нејзината кариера имале Ејми Вајнхаус и Френк Синатра. “Ако не беа тие, 100% сум сигурна дека немаше да ја фатам  гитара во рака и никогаш немаше да ја напишам” “Daydreamer”, “Hometown” или “Someone like you”, рече Адел.

Пејачката призна дека не се познава лично со Ејми и не биле другарки, иако оделе во истото училиште. ” Но ја обожавам”, вели Адел за музичко влијание што Вајнхаус го имала врз неа.

Во интервјуто Адел зборува и за улогата на мајка, што ѝ го променила нејзиниот живот. “Многу е тешко, мислев дека ќе биде полесно. Сите тоа го прават, па мислев дека ќе биде лесно “, раскажа Адел. Сепак, таа изјави дека мајчинството е најубавото нешто што некогаш го направила. “Син ми ме тера да се чувствувам млада и ме враќа назад на земјата”, изјави уште Адел.