Како изгледа најуникатниот аеродром на светот? Терминал на отворено, тропски рај и погледи кои водушевуваат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е еден од најуникатните аеродроми во светот, терминалот е на отворено, нема бетонски згради, долг чекинг процес наместо тоа добивате тропски рај со отворени павилјони, зелени градини и погледи кои воодушевуваат.

На овој аеродром закуските и водата се бесплатни.

Има неколку локали за уживање и релаксација, веднаш сте до пистата и имате полетувања и слетувања кои нема да ве остават рамнодушни.

Овој аеродром е сместен на живописниот остров Кох Самуи во Тајланд, Аеродромот „Самуи“ нуди уникатно и незаборавно искуство за сите што патуваат.