Африканската свинска чума се врати во Македонија – нема лек ниту вакцина, одгледувачите ќе бидат обештетени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Позитивен резултат од африканска чума е добиен вчера во помал комерцијален објект во виничка Кршла во Виница. Жариштето е во регионот на Кочани, Виница, Чешиново-Облешево.  Но, тоа не значи дека сите свињи се заболени, туку и една свиња да има заболена се нотира како жариште. 

„Во радиус од 3 км се врши  нештетено отстранување на сите свињи независно дали се болни или не.  Ова е по меѓународни норми се прави во цел свет,  со цел да не се шири понатаму вирусот . За овој вирус до ден-денес, ниту има вакција, ниту има лек“, вели Николче Бабовски.

Во зоната на надзор од 10 км свињите одат во кланица. Месото се носи на технолошка обработка и по термички пат се врши евентуалното уништување на вирусот.  Првиот случај беше регистриран на 6.1. 2022 во с. Драмче во нашата држава. До сега има шест случаи во земјава и тоа во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање. Зоната на висок ризик е кон граничните појаси со Бугарија и Србија. Најризични се малите фарми кои не применуваат биосигурносни мерки.

„Агенцијата за храна и ветеринарство  апелира до сите одгл едувачи на свињи во државата навремено да ги пријавуваат сите сомнежи или случаеви на угинување на домашните свињи до официјалните ветеринари односно инспекторите на АХВ и до најблиските ветеринарни друштва“, порача Николче Бабовски.

Со цел полесно справување со болеста африканска чума кај свињите  од АХВ апелираат да се пријавува на време за што ќе добијат финансисики надомест за да нема штета одледувачот. Доколку не пријаават не им следува надомест кој државата го исплаќа преку буџетот. Во регионот оваа болест подолго време е присустна. Со пописот од февруари од 7 640 одгледувалишта регистрирани се  140 000 свињи.