Агелер: Ако американските дипломати успеале да соберат докази, можат и обвинителите, истражители од било која полиција или судство во државата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во интервју за ТВ21 амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер на прашањето зашто САД не им помага на властите овде и не им ги дава сите детали таа одговори дека „имаат закони за приватност и ќе ги прекршат ако ги отворат случаите и ги споделат доказите“.

ТВ21: Зашто САД не им помага на властите овде и не им ги дава сите детали? Зборувам отворено. Ви кажувам што збори народот не политичарите. Тие имаат стотици милиони и никому ништо. Амбасадата ги има прогласено за виновни. Корумпирани се. Докажано. Вие сте докажале. Инаку не би ги ставиле на црна листа. Но тука се слободни.

– Тоа е прашање за локалните власти. Зар не?, рече Агелер.

ТВ21: Но проблемот е зошто САД не ги пренесува своите сознанија?

– Зашто приватноста е загарантирана со законот на САД. Не можеме да ви ги дадеме доказите што ги имаме, изјави таа.

ТВ21: Не велат да и ги откриете на јавноста, само на властите.

– Но дозволете ми да завршам. Поентата е дека имаме закони за приватност и ќе ги прекршиме ако ги отвориме случаите и ги споделиме доказите. Но поголем дел од тие докази не сите, се од овде, од оваа држава, вели Агелер во интервју за ТВ21.

Во продолжение погледнете го целото видео: