Агелер: САД во последните 9 месеци стави повеќе луѓе на црната листа одошто сме ставиле од независноста, јавно ги кажуваме тие кои крадат од државата и граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

САД во последните 9 месеци стави повеќе луѓе на црната листа одошто сме ставиле од независноста, јавно ги кажуваме тие кои крадат од државата и граѓаните, вели во ексклузивно интервју амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.

„Една од работите што многу ги ценам е што САД во последните 9 месеци стави повеќе луѓе на црна листа одошто сме ставиле од независноста. Со тоа што јавно ги кажуваме тие кои крадат од државата и граѓаните, верувам и знам дека пак ја отворивме темата, но овојпат многу потранспарентно“

вели амбасадорката во интервју за ТВ21.

Таа ги откри и коментарите кои ги добивала кога остварувала средби со граѓани на Северна Македонија.

Кога зборувам со обичните граѓани на Северна Македонија, ми велат да продолжиме со санкциите. Сега обрнуваат внимание на начин на кој не го правеле тоа порано.

додаде амбасадорката во интервју за ТВ21.

Со последното проширување на црната листа на САД беа опфатени актуелниот градоначалник на општина Карпош и кандидат за претседател Стевчо Јакимовски и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На црната листа лани на 5 декември САД го ставија и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, а од претходно се Сергеј Самсоненко, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сашо Мијалков, Никола Груевски и Рамиз Мерко.