Американската амбасадорка Анџела Агелер, гостувајќи во студиото на ТВ21, рече дека е убедена дека се работи на прашањето со уставните измени, кои треба да го откочат процесот за членство во Европската унија.
„Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени“, вели Агелер.
ТВ21: Значи, не се согласувате со тие што велат дека владата не презема ништо за уставните измени?
Агелер: Да, не верувам…
ТВ21: Не верувате, или не се согласувате?
Агелер: Знам дека работат напорно во Брисел и во другите европски престолнини за да изнајдат решение.
Агелер потенцираше дека процесот е сложен, но и дека се работи на отпочнување на процесот.
„Секогаш сум зборувала дека навистина верувам оти оваа држава мора да биде во Европската унија, и за да се случи тоа мора да се испочитуваат процеси. Јас не учествувам во преговорите, но можам да ви кажам дека се водат разговори кои го поплочуваат патот. Ме охрабрува тоа што гледам дека активно разговараат за отпочнување на процесот. Не е потребен само еден глас за Уставот“, рече Агелер.
Целото интервју со Агелер следете го на ТВ21 вечерва од 21:30 часот.
