„Агенцијата за филм дискриминира Албанци“ – Азири го обвинува Тозија, Антикорупциска бара одговорност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 20, само 2 албански филма се финансирани од Агенцијата за филм на РСМ. Станува збор за филмовите “Кома“ од Агим Абдули и “Емигрант сум или не?“ од режисерот Сенад Абдулин.

Овие резултати се оценети како дискриминирачки за Албанците од заедницата на уметници како и од функционери во Министерството за култура. Прстот се вперува кон директорот на Агенцијата за филм Горан Тозија за кого велат дека намерно ги дискриминира албанските уметници.

„Два дена по изборите, кога сите медиуми и сите луѓе беа преокупирани со резултатите од изборите, овој господин ги објавил резултатите од конкурсот за филм 2020, што е катастрофално дискриминирачки и срамен резултат би рекол за Албанците“, истакна Ваљмир Азири.

Азири дури смета дека е спорно времето на објавување на резултатите, бидејќи тие се објавени на 17 јули, два дена по изборите.

„Министерот за култура и јас го повикавме директорот на две средби. На директорот на Агенцијата за филм му ги објаснивме критиките на уметниците Албанци и секогаш добивавме одговор ДА, ОКЕЈ ќе поправам, а во реалност секогаш добиваме лоши вести“, додаде Ваљмир Азири.

Критики упати и советникот во Министерството за култура, Висар Вишка кој конкурирал во Агенцијата за филм како филмски продуцент.

„Кога Висар Вишка ќе работи на филм во Македонија? И зошто да не? Ова е втор проект кој ми е одбиен како продуцент. Првиот и последен беше пред многу години. Првиот во копродукција со малцинствата со имиња од Холивуд и Оскар…Ова е втор обид“, вели Висар Вишка.

На двајцата им одговори директорот Тозија. За Азири вели дека го напаѓа политички во време на избори.

За Вишка вели дека немал целосна документација.

Ова не се единствените жалби за директорот Тозија. До Антикорупциска стигнале две жалби за конфликт на интереси за последните проекти и за еден случај за распределба на средства од конкурсот пред да се објават резултатите. За тоа бараат од Владата одговорност  за Тозија.

За тоа Тозија ангажирал адвокат но сепак смета дека и Антикорупциска му врши политички притисок.