„Ахмети да се адаптира во опозиција, на ДУИ им требаат реформи“, вели Таравари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изрази дека, пред сè, Ахмети треба да се адаптира во опозиција, а потоа да размисли за реформи. Одговарајќи на прашањето дали ќе се одзове на повикот на лидерот на ДУИ за заедничка коалиција, Таравари нагласи:

„Доколку сакаме да разговараме, сме отворени, но прво му е потребна адаптација, реформи и јасна кауза. Нека ни каже што сака, а ние сме подготвени за дијалог со сите политички партии, вклучувајќи и него.“

Таравари додаде дека е важно Ахмети да почне со реформи, бидејќи, како што нагласи, „тоа е клучно за нас“.

Кога беше прашан дали неговите ставови се слични на оние на премиерот Христијан Мицкоски, Таравари рече дека не знае што точно кажал Мицкоски, бидејќи не ги следел неговите изјави. Сепак, повтори дека му укажувал на Ахмети дека неговата партија не функционира, посочувајќи дека 107.000 албански гласови биле против него и за ВЛЕН.

„Овие гласови се историски за албанската опозиција, никогаш не еден изборен циклус од 1991 година не им дал толку гласови,“ додаде Таравари.

На крајот, одговарајќи на прашањето за Мендух Тачи и неговото излегување од Европскиот фронт, Таравари кратко изјави дека тоа е лична одлука на Тачи и не би сакал да коментира.