Лидерот на ДУИ, Али Ахмети одговори во врска со незадоволството на незадоволната група внатре во ДУИ. Тој рече дека ова се прашања на дневните политики и според него личните незадоволства не треба да бидат дел од платформата на ДУИ.
„Јас мислам дека парламентарната група не треба да ја загрозува иднината, туку тоа се привремени дневно политички прашања кои јас мислам дека не се нерешливи и непремостливи. Дневните незадоволства не треба да бидат дел од нашите долгорочни платформи и дел од нашите организациски платформи“, вели Али Ахмети.
Во реакцијата на т.н. Огнена група потпишани се личности кои генерираат многу гласови во ДУИ, како Изет Меџити, Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта. Тие во писмото што го имаат потпишано истакнале дека ДУИ треба да се врати на позицијата која ја држела цели 18 години, организирано и структурирано. Но Ахмети вели дека ДУИ изградила стабилна структура која може да функционира без секого.
„ДУИ изгради стабилна структура која може да функционира без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и таа има силна основа и поддршка“, додава Ахмети.
Барањата на Незадоволната групи во ДУИ кои ги објавија преку соопштение се:
Барањата на Незадоволната група во ДУИ се:
-Политичка внатрепартиска дебата за надминување на оваа состојба
-Одговорност и отчетност од носителите на извршната власт
-Апелираме да престане политичката “војна“
-Апелираме до членството и партиските структури да се ангажираат за избегнување и надминување на ваквите појави и ваквата состојба
-бараме од претседателот на ДУИ, Али Ахмети да го искористи својот личен политички и статутарен авторитет за изнаоѓање решение за зачувување на партиското единство.
Инаку во писмото упатено до Ахмети потпишани се двајца пратеници во Собранието, Изет Меџити и Мерита Коџаџику, но Ахмети е убеден дека ова не може да го загрози парламентарното мнозинство.
