Според претседателот на огранокот на ДУИ во Тетово, Фатон Ахмети, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, во текот на изборниот период ветил нешто друго, а сега прави сосема друго. Според Ахмети, и покрај тоа што ДУИ во општина има конструктивен став, градоначалникот Касами не реализирал ниту еден проект кој е подготвен за спроведување.
„Ја прифативме одлуката на граѓаните, но сега граѓаните самите можат да ги видат неговите перформанси. Од тоа што го има кажано во текот на изборниот период и тоа што го направи потоа, има голема разлика. Главните проблеми кои ги забележуваше г. Касами се уште се актуелни, не успеа да направи ниту еден негов проект, но ниту неколку проекти кои беа на ДУИ.“, изјави Ахмети.
Дали градоначалникот е виновен за проблемите кои ги спомнав како што се вода, канализација, кучињата скитници, булеварот?
Тој гранатираше на избори и ги истакнуваше како главни проблеми.
Но, Бесар Дурмиши, претседател на огранокот на Движење Беса во Тетово, истакна дека граѓаните ја ценат работата на оваа партија во текот на двата изборни циклуси, а тие повторно ќе одлучуваат и на следните избори. Дурмиши посочува и некои проекти кои ДУИ ги остави на половина и не успеа да ги заврши цели 10 години.
„Тој не треба да дава оценка, граѓаните се тие кои оценија во два изборни циклуси и на следните избори ќе видиме како ќе гласаат граѓаните. За работите кои се во тек и тие кои се завршени и бевте и видовте. Го поканувам да дојде со нас на терен и да направи увид и да види како се прават пунктови, а не како се правеле порано.“, вели Дурмиши.
Касами победи на локалните избори во 2021 година, а негов против кандидат беше Теута Арифи која се кандидираше за трет мандат. На предвремените избори на општински совет после девет месеци, Беса успеа да добие мнозинство во општинскиот совет.
